Куклен театар за сите деца

Драмските активности се секогаш интересни за децата од сите возрасти. Куклените театри се совршени за детска забава. А оваа активност е од голема корист за најмалите. Таа им помага да се претстават во јавноста и да се изразат без чувство на срам, со што се подобрува нивната самодоверба.


За таа цел набавивме куклени театри за сите воспитни групи во четирите Р.Е. Со ова вложуваме во многу позабавни, покреативни и поинтерактивни денови поминати во градинка.