„На секое дете му треба семејство, станете згрижувач“

Децата од нашата градинка беа вклучени во музичкиот дел од кампањата на МТСП, УНИЦЕФ и СОС ДЕТСКО СЕЛО која ја организираше Центарот за социјална работа – Штип под мотото „На секое дете му треба семејство, станете згрижувач“ која имаше за цел да предизвика стимул кај граѓаните за прифаќање на децата без родителска грижа.