Безбедноста и удобноста на децата при престој во градинка се наша грижа. Со таа цел со многу напор успеавме да ги заменеме прозорите и балконската врата во Р.Е. Пчелка. Старата и дотраена дограма ја заменивме со нови и квалитетни прозори и врата што ќе ги направат деновите во градинка многу потопли, поубави и посигурни.