Во пресрет на новата воспитна година во работната единица “Другарче“ ги пречекавме нашите деца со реконструкција на рамниот кров и со нов мебел за поубави денови поминати во градинка.
Работната фаза за обнова на кровот се спроведе според сите заштитни процедури со цел нашиот објект да биде сигурно и безбедно место за сите вработени и дечиња.
Просториите во работната единица “Другарче“ оваа воспитна година ќе бидат освежени со нов квалитетен мебел што ќе ги разубавува собите во кои дечињата поминуваат време додека се во градинка.