Потпишан договор за вклучување на децата Роми во детските градинки

ЈУЈОДГ “Вера Циривири Трена“ потпиша договор за реализација на активност “Вклучување на деца роми од 3 до 5 години во детските градинки во Општина Штип“. Целта е подобрување на состојбата на Ромите во Општина Штип и поддршка на имплементацијата на Стратегијата на Ромите.

Договорот е поддржан од Министерство за локална самоуправа и од Општина Штип.