ДЕТАЛИ ЗА ПРОГРАМА
ЈУДОДГ „Вера Циривири Трена“ реализира активности базирани на основите на програмата за воспитно-образовната работа со децата од предучлишна возраст во јавните детски градинки.
Факт е дека првите години од животот се основа за правилно воспитување и образовање на секоја индивидуа. Секое дете има свои индивидуални специфичности и посебни развојни потенцијали и бара партнерски однос со сите субјекти во воспитно-образовната работа, а сепак тоа влијае на емоционалниот, социјалниот и интелектуалниот развој во раното детство кај децата.
Воспитно-образовната дејност во ЈУДОДГ „Вера Циривири Трена“ во текот на 2018/2019 година ќе се реализира врз основа на националниот програмски документ „Програма за рано учење и развој“ и стандардите за рано учење и развој на децата од 0-6 години, цели, примери, очекувани резултати, соработка со родители и сл.
Во програмата, развојните домени (аспекти) се дефинираат како различни аспекти во развојот на детската личност. Стандардите се очекувања за она што децата треба да знаат и умеат и да направат во текот на нивниот развој на одредена возраст. Програмата ќе има за цел да го поттикне севкупниот развој но и истовремено да го унапреди предучилишното воспитување и образование.
Програма и Проекти кои ќе се реализираат во тековната 2018/2019 година.
За оваа тековна година се планира проект „Сподели богатство“ во соработка со Музеј на град Штип, каде учество ќе земат деца од 5-6 години од Р.Е. “Развигорче“. Проектот продолжува во текот на годината со работилници во Музејот, изложба во Безистен –Штип и др. Оваа активација е дел од проектот „Градот низ детските очи“, со цел кај децата да предизвикаме љубов кон својот град – татковина.
Соработка со родители
Меѓусебното информирање и соработката меѓу родителите и градинката е значајна компонента во процесот на воспитување, образование и развој на детската личност. Комуникацијата и соработката со родителите се реализира преку:
- Општи родителски средби (почеток на Септември) со Дневен ред и програмски задолженија;
- Групни родителски средби (креативни работилници) и др. едукативни средби;
- Секојдневни кратки информативни средби меѓу родителите и персоналот во установата;
- Приредби, прослави и други свечености на децата;
- Гостин родител;
- Совети и пораки за родителите за различна проблематика;
- Заедничко организирање на посети, прошетки, излети, забави и сл.