ЗА НАС

Назив: Јавна установа за деца – општинска детска градинка Вера Циривири – Трена Штип

ЕМБ: 4051521

ЕДБ: 4029966112916

Адреса: ул. „Христијан Карпош“ бб, 2000 Штип

Тел: 032 605 101

Историјат

ЈУДОДГ,, Вера Циривири Трена’’ Штип, својата работа ја започнува во далечната 1966 година, како установа за дневен престој на деца.

Установата беше сместена во старата зграда на некогашната гимназија.

Денес во состав на установата работат четири објекти: ,,Другарче’’, ,,Развигорче’’, ,,Росица ’’ и Пчелка. Во нашата установа денес се опфатени 690 деца распределени во 33 групи од кои две групи се во други просторни услови во ОУ Ванчо Прќе -Штип. За нив се грижат 91 вработени од различни профили.

Работно време на градинката е од 05:00 до 18:00 часот.

Мисија

Ние сме градинка во која  децата дооаѓаат задоволни и заминуваат збогатени со нови доживувања, искуства и знаења.

Ние сме градинка во која децата преку игра, дружење и учење се запознаваат себеси и светот околу себе.

Работиме на развој на истражувачкиот дух, критичкото мислење, различност и толеранција.

Негуваме индивидуалност, самодоверба и детски права.

Визија

Клуч што ја отвара вратата кон иднината ќе биде нашата градинка во ’’Првите пет се најважни на свет’’.

Во здрава и безбедна средина, децата ќе доаѓаат со задоволство.

Ќе организираме игри и активности што ке се реализираат современо, ефикасно, квалитетно и прилагодено кон потребите и интересите на децата.

РЕ: Другарче

  • Ул.Христијан Карпош бб –Штип;
  • Број на деца: 271 , број на воспитни групи: 11;
  • Површина: 1946 м2, дворна површина: 1000 м2;
  • Година на изградба: 1972 год.;
  • Тел за контакт: 032/605-101;
  • Е-mail: vctrena@gmail.com, vctrena@t.mk

РЕ: Развигорче

  • Ул.Браќа даневи  бб –Штип;
  • Број на деца: 205, број на воспитни групи: 11;
  • Површина: 1683 м2, дворна површина: 2963 м2;
  • Година на изградба: 1977 год.;
  • Тел за контакт: 032/605-104;
  • Е-mail: vctrena@gmail.com, vctrena@t.mk

РЕ: Росица

  • Ул. Крсте Мисирков бб –Штип;
  • Број на деца: 80, број на воспитни групи: 4;
  • Површина: 450 м2, дворна површина: 543 м2;
  • Година на изградба: 1984 год.;
  • Тел за контакт: 032/605-102;
  • Е-mail: vctrena@gmail.com, vctrena@t.mk

РЕ: Пчелка

  • Ул.Борко Талев бб –Штип;
  • Број на деца: 80, број на воспитни групи 5;
  • Површина: 196 м2, дворна површина: 120м2;
  • Година на изградба: 1967 год.;
  • Тел за контакт: 032/605-103;
  • Е-mail: vctrena@gmail.com, vctrena@t.mk