Здравствени препораки

Почитувани родители,

Со цел да го подобриме здравјето на Вашето дете во нашата градинка, препорачуваме детето да останува дома во следните случаи:

1. Ако детето е болно  

  • Ако има температура над 38 степени;
  • Кожен осип;
  • Дијареа или повраќање;
  • Вошливост;
  • Отежнато или забрзано дишење;
  • Конјуктивитис;
  • Воспалено грло или потешкотии при голтање;
  • Заразно заболување: грип, жолтица, сипаници и др.;
  • Присуство на стафилококна или стрептококна бактерија во нос или грло;
  • Ако прима антибиотска терапија.

Со вакви симптоми детето не може да биде примено во градинка:

  • Негувањето на децата дома кога се болни е најдобар начин за спречување и ширење на сите болести;
  • Ве молиме да нè информирате за здравствената состојба на детето во случај да покаже одредени знаци на болест и е испратено дома.;
  • При повторно доаѓање во градинка на дете што било болно од некое заразно заболување, задолжително е да донесете медицинска белешка дека детето е здраво.

2. Носење антибиотици во градинка е забрането!

…здрава средина – среќни и весели деца…

Како да ги заштитиме децата од настинки и грип

  • Дечињата да престојуваат во чиста средина;
  • Редовно да ги мијат рачињата;
  • Да консумираат здрава храна и многу течности;
  • Да се проветруваат просториите во кои престојуваат дечињата;
  • Да се избегнува собирање на повеќе деца во затворен простор;
  • Да не се носат во градинка болни деца;
  • Децата да не носат играчки од дома;
  • Се забранува влегување на родителите во занималните.