ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМА
Стручно – научните согледувања укажуваат на тоа дека првите години од животот на човекот се основа за воспитување и образование на секоја индивидуа, а градинката е местото во кое се овозможени организирани оптимални услови за развој.
За успешна реализација на планираните активности од посебно значење е вклучувањето на сите фактори од опшественото живеење како:
- Соработка со родителите;
- Соработка со научните установи;
- Соработка со јавните установи и приватниот сектор;
- Една од најважните алки е соработката со Локалната самоуправа која е организатор и носител на одредени активности важни за успешното работење на нашата градинка.
Нашата градинка отсекогаш за приоритет го има развивањето и негувањето на еколошката свест кај децата од најмали нозе.
Во програмата за интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем сме вклучени од 2010 година и за кратко време ги исполнивме условите за добивање на првото Зелено знаме.
Зеленото знаме е резултат на многу еколошки активности и кампањи.
По добивањето на првото Зелено Знаме во 2014 година следуваа и останати еколошки активности преку кои го потврдивме признанието Еко градинка.
Второто Зелено знаме добиено во 2016 година дојде сосема оправдано а беше промовирано со отварање на Спортска мини сала во Р.Е. Другарче.
Нашата градинка продолжува и понатаму со ставање на акцент на еколошката едукација од најмала возраст бидејки со тоа децата развиваат и други аспекти од својот карактер како што се емпатија, морал, култура на живеење…